Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Фулкруг
Борусија Дортмунд потврди дека утрово напаѓачот Никлас
Фулкруг го напуштил кампот на тимот во Швајцарија за да
преговара за трансфер. Речиси сигурно е дека германскиот
репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во англискиот Вест
Хем Јунајтед.
Фулкруг го напушта „Сигнал Идуна Парк“ по само една сезона во
која имаше 15 гола и 10 асистенции на 45 натпревари. За него на
Вердер Бремен му беа исплатени 17 милиони евра. Според
новинарот Флоријан Платенберг, Вест Хем ќе плати 26+4 милиони
евра за Фулкруг, кој ќе потпише договор на 3+1 година на нето
плата од 3 милиони евра.
За него беше заинтересиран и Милан, но Росонерите не можеа да
ги исполнат финансиските барања на Борусија Дортмунд.