Борусија Дортмунд постави ултиматум за тренерот Терзиќ

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, би можел да добие
отказ доколку клубот од Дортмунд не победи на следните два меча во
Бундес лигата против Унион Берлин и Вердер Бремен, пренесуваат
германските медиуми.
Борусија е на четвртото место во Бундеслигата, со 20 бода помалку од
првопласираниот Баер Леверкузен. Тимот од Дортмунд беше поразен
од Хофенхајм во претходното коло од германскиот шампионат на
домашен терен (2-3). Германските медиуми пренесуваат дека Терзиќ
по тој пораз добил ултиматум од првиот човек на клубот.