Борусија Дортмунд ќе бара 150 милиони евра за Белингем
Шпанскиот весник Марка пренесува дека челниците на Реал Мадрид се подготвени на крајот од сезоната да понудат најмалку 100 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем.
Шпанските медиуми тврдат дека Борусија за младиот англиски фудбалер ќе бара дури 150 милиони евра.
Белингем има договор со германскиот тим до јуни 2025.година, но се поизвесно е дека тој следното лето ќе го напушти Дортмунд. Освен Реал Мадрид, сериозен интерес за доведување на англискиот репрезентативец покажуваат Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи.