Борусија ја одреди цената за Халанд

Томас Тухел  сака сериозно да го засили тимот на европскиот шампион и побара од управата на Челзи ова лето да му го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, пишува Мирор.

Германски Билд реагираше на оваа вест со објаснување дека нема да има ништо од тој трансфер годинава.

Халанд има договорна клаузула според која може да замине за 75 милиони евра, но само во летото 2022. година. За следната сезона, Борусија сериозно смета на него и бара дури 175 милиони за предвремена разделба со Норвешкиот напаѓач.

Затоа, трансферот ова лето не е реален, но доколку се реализира, тој ќе биде втор по големина на сите времиња. Рекордер е сепак Нејмар, кој од Барселона премина во ПСЖ за 222 милиони евра.