Борче Христов е нов тренер на Тиквеш

Тиквеш го назначи наследникот на Мојсов, кавадаречкиот клуб реши сезоната да ја продолжи со Борче Христов како шеф на стручниот штаб.
Тиквеш денеска потврди дека Борче Христов е нов тренер на првиот тим. Борче Христов беше директор на Центарот за едукација на ФФМ.
Претходно беше дел од стручниот штаб на Зира од Азербејџан, беше и дел од академијата на Карабах. Во Македонија беше тренер на Работнички, Борец, Еуромилк, Македонија ЃП…