Босанска фудбалска легенда влегува во политиката

Локалните избори во Хрватска се ближат, а партиите и коалициите во јавност ги претставуваат своите кандидати.
Така дубровачката Дустра, на чие чело е градоначалникот на Дубровник Жељко Рагуж, како еден од своите кандидати за изборите кои се одржуваат во мај, го претстави Емир Спахиќ, поранешниот капитен на фудбалската репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Спахиќ е роден во Дубровник, ја започна кариерата за тимот ГОШК токму од овој град, па потоа се пресели во Загреб каде ја освои и титулата шампион на Хрватска, по што имаше и повеќе од успешна интернационална кариера.
Во дресот на БиХ запиша 94 настапи, а како капитен ја водеше својата репрезентација на Мундијалот во 2014 година.
„Со години министер за одбрана во најсилните лиги на светот, легендарен капитен и икона, како на теренот, така и надвор од него. Секогаш бескомпромисен и со срце, нашиот гигант Емир Спахиќ.“ – вака партијата ја најави политичката кариера на Спахиќ и кандидатурата за член на градското Собрание на Дубровник.