Ботафого го фати последниот „воз“, познати сите учесници на Мундијалот за клубови

Познати се сите учесници на Светското клупско првенство на ФИФА, кое во новиот формат првпат ќе го играат 32 клуба.

Клупскиот фудбалски мундијал ќе се игра на ист начин како што досега се играа светските првенства – 32-те најдобри клубови на светот ќе играат за титулата светски шампион.

Домаќин на првото издание на шампионатот во ваков формат ќе биде САД, а ќе се игра на 12 стадиони.

Светската клупска круна ја брани англискиот гигант Манчестер Сити, а ФИФА одлучи последните четири шампиони на секој континент да се натпреваруваат во групната фаза, а потоа учесниците беа пополнети по клупско рангирање.

Последниот патник лкој обезбеди виза на клупскиот Мундијал е шампион на Јужна Америка тимот на Ботафого кој синоќа го осво8и трофејот во Копа Либертадорес.

За престижниот трофеј Светски клупски фудбалски шампион ќе се борат европските великани: Манчестер Сити, Челзи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Порто, Бенфика, РБ Салцбург.

На Мундијалот во САД преставници на Африка се тимовите на Ал Ахли, Видад, Есперанс Тунис, Мамелоди Сандаунс, а од Азија Ал Хилал, Урава, Ал Аин и Улсан.

Северна и Централна Америка ќе ја претставуваат Сиетл, Интер Мајами, Монтереј, Клуб Леон и Пачука, а Јужна Америка Ривер Плата, Бока Јуниорс, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, а единсвтениот преставник од Океанија, е клубот Оукленд Сити.

Светското клупско првенство ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули следната година.