Ботафого е првак на Бразил по третпат во историјата

Екипата на Ботафого е новиот шампион на Бразил! Титулата за Ботафого стигна по една голема победа над Сао Паоло од 2-1 во последното 38. коло од популарното Бразилеро, што значеше дека освојувачот на Копа Либертадорес освојува уште еден голем трофеј оваа сезона во Јужна Америка.
На Ботафого му помогна и „киксот“ на Палмеирас, кој играше во исто време, но загуби од Флуминенсе со 0-1.
Триумфот за Ботафого доаѓа нешто повеќе од една недела откако тимот го освои и Копа Либертадорес, а ова за клубот од Рио де Жанеиро е прва титула од 1995 година, како и трета вкупно во историјата на клубот.