Бразилецог Натан потпиша за Наполи

Одбранбениот фудбалер, Натан Бернардо Де Соуса, денеска беше промовиран како нов член на Наполи
Бразилецот пристигна од Брагантино за скромни 10 милиони евра. Тој доаѓа на местото на Ким Мин-Јае кој по освојување на пехарот во Серија „А“ си замина во германскиот Баерн Минхен.
22-годишниот централен бек претходно беше дел од тимот на Фламенго кој ја освои домашната титула во 2020 година.