Бразилецот Алан пред потпис со Сити

Фудбалскиот состав на Манчестер Сити кој тешко ја започна сезоната во Премиер-лигата со минимална победа дома против Брентфорд остварена со комплетен пресврт во вториот дел, успеа да обезбеди засилување за средината на теренот.
Станува збор за 22-годишниот талент Алан Андраде Елиас, кој треба да пристигне од составот на Палмеирас.
Според објавеното во медиумите во Англија, „граѓаните“ за интернационалецот од Бразил ќе треба да платат најмалку 40 милиони евра плус задолжителни бонуси.