Бразилецот Емерсон е сонот на Интер ако Хакими си замине

Интер започнал преговори со десниот бек на Барселона, Емерсон Ројал. Барселона минатото лето го купи Емерсон од Атлетико Минеиро за 12 милиони евра и го испрати на позајмица во Бетис.

21-годишниот Бразилец со своите настапи во Примера го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсериозен интерес покажува Интер. Барселона пред неколку дена доплати 9 милиони евра на Бетис за останатите 50% од правата на играчот и го претстави Емерсон како ново засилување.

Интер бара замена за Хакими кој сигурно ќе биде продаден и прва желба е токму Емерсон Ројал, а неговите агенти денес беа на преговори во Милано.