Бразилецот Рафаел Силва е нов играч на Шкендија

Шкендија денеска потврди ново засилување, во тетовскиот клуб доаѓа Рафаел де Фреитас Силва кој стави потпис на двегодишен договор со македонскиот вицешампион.
Шкендија продолжува да го гради тимот за новата сезона. Тие го официјализираа потписот на Рафаел де Фреитас Силва. Постигнат е договор на две сезони, до јуни 2028 година.
Бразилскиот играч за врска ги засилува тетовчани во пресрет на европските натпреварувања, каде Шкендија го очекува противникот во квалификациите за Лигата на Конференции.
Рафаел доаѓа од тимот на КФ Тирана, каде минатата сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања и постигна 4 погодоци. Претходно Рафаел настапуваше и во клубови од Португалија и Бразил.
Во меѓувреме, Шкендија го потврди заминувањето на офанзивецот Љатифи со истекувањето на неговиот договор и се заблагодари за неговиот ангажман во црвено-црниот дрес.