Бразилецот Роналдо стана сопственик на Крузеиро

Бразилската легенда Роналдо стана сопственик на фудбалскиот клуб Крузеиро откако се стекна со 90 отсто од акциите на клубот. Оваа информација беше објавена на нивниот официјален сајт.

Зделката го чини „Феноменот“ околу 70 милиони долари. Крузеиро стана вториот клуб во сопственост на Роналдо. Тој од поодамна е сопственик и на шпанскиот Ваљадолид.

Крузеиро е првиот професионален клуб за кој настапувал Роналдо. Тој пристигна во клубот 1993 година за 50 илјади долари. По нешто помалку од една година, Бразилецот се пресели во ПСВ, каде што ја почна неговата богата европска кариера.