Бразилецот Роналдо станува сопственик на Крузеиро

Легендата на бразилскиот фудбал Роналдо, продолжува со своите инвестирања во фудбалскиот бизнис. Популарниот „феномен“ веќе го поседува шпанскиот Реал Ваљадолид, но сега постигна договор и за купување на мнозинство од акциите во бразилскиот клуб Крузеиро.

Роналдо потврди дека постигнал договор со претседателот на клубот, Серхио Сантос Родриго кој бил склучен во Сао Паоло. Самиот играч има настапувано за Крузеиро во сезоната 1993/94.

Деталите се уште не се познати, но Роналдо ќе купи 90 % од акциите на клубот со што ќе стане мнозински сопственик. 

“Многу сум среќен што го реализирав овој договор. Му должам многу на Крузеиро и сакам да го вратам клубот таму каде што припаѓа, во бразилската елита. Но, имаме многу работа да завршиме. Ги повикувам навивачите да се вратат на стадионот бидејќи потребна ни е нивната поддршка и единство“, изјави легендарниот Роналдо.