Бразилец влегува во историјата на Реал, податокот е неверојатен!
Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор вечерва испишува историја за Реал Мадрид. Доколку настапи против Реал Сосиедад, ќе го запише својот 100. настап за мадридскиот клуб и така ќе стане најмладиот фудбалер кој успеал во тоа.
Верувале или не, со само 20 години и седум месеци, Жуниор веќе ќе стигне до својот 100. натпревар во дресот на Реал и со тоа ќе ги прескокне најголемите легенди на клубот и шпанската репрезентација – Икер Касиљас, Раул Гонзалес и Камачо.
Винисиус во Реал пристигна на 18 години од Фламенго за сума од 45 милиони евра, досега постигна 11 погодоци и забележа 20 асистенции, а многумина веруваат дека би можел да има и подобар учинок, со оглед на тоа дека настапува на позицијата крилен напаѓач.