Бразилец е првото летно засилување на Барселона
Десниот бек на Бетис, Емерсон и официјално ќе стане член на Барселона ова лето.
Ова беше уште еден „матен“ трансфер на управата на Бартомеу, која во соработка со Бетис го доведе Емерсон од бразилски Атлетик за 12 милиони евра, но со договор Бразилецот да остане на позајмица во Андалузија до летото 2021. година.
Емерсон од 1. јули официјално ќе стане член на Барселона, а според најавите нема намера да остане во Бетис. Клубот од Андалузија се надеваше дека со Барселона ќе пронајде заеднички јазик околу продолжувањето на позајмицата, но Бразилецот веднаш сака на Камп Ноу.
Се очекува Емерсон да добие шанса, позицијата десен бек беше критична, па со неговото доаѓање конкуренција ќе добие Сержињо Дест.
Емерсон има 22 години, па сигурно е дека пред него е фудбалската иднина, која единствено прашање е дали ќе биде во Барселона.