Бразилски Гремио е новиот клуб на Луис Суарез

Луис Суарез и официјално го реши прашањето околу тоа за кој клуб ќе настапува во 2023 година.

Суарез во изминативе месеци беше дел од неговиот матичен тим Насионал, но од претходно беше познато дека ова ќе биде кратка приказна. Голгетерот се повржуваше со враќање во Европа, имаше понуди на маса од МЛС лигата и од Саудиска Арабија, меѓутоа реши да остане во Јужна Америка со тоа што новата средина е во Бразил.

Некогашниот ас на Барселона, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Ајакс договори двегодишна соработка со Гремио. Ова за ветеранот ќе биде нов предизвик каде се надева дека со своите партии ќе може да донесе радост за многубројните фанови на тимот од Порто Алегре.