Бразилците не сакаат да играат на Копа Америка?!

На само неколку денови пред почетокот на Копа Америка, турнирот е доведен во прашање.

Откако Аргентина го откажа домаќинството, а Бразил го презеде, сега играчите на Бразил не сакаат да го играат турнирот, кој би требало да започне на 13. јуни до 10. јули.

Бразилските медиуми пишуваат дека селекторот Тите рече дека конечната одлука ќе ја донесат играчите по настапите во квалификациите за СП.

„Играчите имаат јасен став. Се противат на одигрувањето на турнирот.“ – рече Тите и додаде дека конечната одлука ќе биде донесена по натпреварите со Еквадор и Парагвај.

Тите, заедно со капитенот Касемиро, ќе се појават на прес конференција и јасно ќе го кажат својот став.

Наводно, голем број бразилски репрезентативци им се јавуваат на нивните колеги од други репрезентации да ги наговорат и тие да реагираат со одбивање на турнирот.