Бразил го објави списокот на фудбалери за Катар
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/11/brazil.jpg)
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, го соопшти конечниот список од 26 фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот во Катар.
Екипата која според многу проценки е најголем фаворит за титулата ќе ја предводи Нејмар. На списокот се најде и Габриел Жезус, а како изненадување е името на ветеранот Дани Алвес. Од списокот се изоставени Роберто Фирмињо и Фелипе Кутињо.
Од 26 играчи, само 10 веќе имаат играно на СП, а останатите 16 ќе имаат деби на Мундијалот. Бразил својот собир го започнува идната недела во Торино, каде неколку дена ќе тренираат во тренинг центарот на Јувентус и потоа заминуваат за Катар.
Бразил во Катар ќе биде во група со Србија, Швајцарија и Камерун.