Бразил го отпушти селекторот Доривал Жуниор

Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) одлучи да го отпушти селекторот Доривал Жуниор по дебаклот во квалификациите против Аргентина и поразот 4-1.

Бразил бележи слаби резултати во последно време, има само една победа во последните четири квалификациски натпревари. Понижувачкиот пораз од Аргентина, во комбинација со генерално лошите перформанси, ја принудија Федерацијата да ја прекине соработката со Доривал.

Бразилските медиуми пишуваат дека челниците на ЦБФ изразиле незадоволство од неможноста на селекторот да ја подобри играта на Бразил на теренот.

Овој отказ доаѓа по разочарувачките резултати во јужноамериканските квалификации, но и по неуспехот на Копа Америка 2024 година, каде Бразил беше елиминиран во четвртфиналето.

Доривал на клупата на петкратниот светски првак пристигна во јануари 2024 година, а под негово водство Бразил. По 14 одиграни натпревари во квалификациите за СП, Бразил е на четвртото место во поредокот со 21 бод, дури 10 помалку од водечката Аргентина, која веќе обезбеди пласман во САД, Мексико и Канада.

Проблемите за Доривал Жуниор почнаа да се појавуваат за време на Копа Америка, а поразот од Аргентина беше само кулминација. Исто така, ЦБФ не беше задоволен од фактот што главен асистент на 62-годишниот тренер е неговиот син Лукас Силвестре.