Бразил го посакува Гвардиола за селектор

Фудбалскиот сојуз на Бразил сака Пеп Гвардиола да биде нов селектор на репрезентацијата, после Светското првенство во Катар.

Тренерот на Манчестер Сити веќе подолго време е желба на сојузот, но до сега не постоеа шанси за негов ангажман.

Репрезентацијата на Бразил, последен пат беше Светски шампион пред 20 години, и тој факт повеќе не се толерира од од нацијата која е опседната со фудбал.

Од финансиска страна Пеп како селектор би заработувал 12 милиони евра годишно, што е далеку помалку од 23 милиони евра колку што во моментот заработува во Сити. Меѓутоа од бразилската федерација се надеваат дека Гвардиола би прифатил да биде на чело на репрзентацијата која можеби го игра најатрактивниот фудбал во историјата на спортот. Договорот би бил со важност од 4 години, односно до следниот Мундијал во 2026 година.