Бразил не се квалификува на олимпискиот фудбалски турнир во Париз

Фудбалската репрезентација на Бразил, првпат по 20 години, не успеа
да се пласира на Олимписките игри.
Селекцијата составена од играчи до 23 години е поразена од
Аргентина со 1-0 во решавачкиот натпревар на турнирот што
претходните денови се одигра во Каракас.
Така Аргентинците, на кои исто така им беше неопходна победа,
обезбедија место во Париз. Заедно со Аргентина во Париз ќе патува и
Парагвај. Тоа е епилогот од олимписките квалификации за десетте
јужноамерикански селекции кои се бореа за две олимписки визи.
Решавачкиот гол за Аргентина го постигна Гондо во 78. минута.
Тоа беше прва победа на Аргентина во групата во која се
натпреваруваа четири селекции, а Бразил го забележа вториот пораз
по оној од Парагвај (0-1).
Бразилците единствената победа ја забележаа против Венецуела (2-1).