Брамбиља: Важна е победата, фудбалерите имаа низок морал периодов

Тренерот на Јувентус, Масимо Брамбиља беше задоволен од победата над Удинезе во 9. коло од Серија А. Тимот од Торино победи со резултат од 3-1, прекинувајќи ја серијата од 8 натпревари без победа.

„Имав само еден тренинг; поминав два дена со тимот. Се обидов да ги охрабрам момците и да им влеам самодоверба. Но, тие се силни, искусни и ја заслужија победата денес со одлична игра. Храбро тргнавме напред во второто полувреме и ја заслуживме оваа победа. Промените во тренерскиот персонал никогаш не помагаат. Моралот беше секако низок, но тие се силни момци со искуство и им советував само да се фокусираат и да играат најдобро што можат. Тие само треба да ги покажат своите квалитети“, рече Брамбиља, кој е поставен како привремен тренер на Јувентус.