Братот на Погба ќе игра во Словенија (фото)
Матиас Погба е нов играч на словенечкиот прволигаш Табор од Сежана.
Клубот од малото место со шест илјади жители на социјалните мрежи се пофали со доведувањето на 30-годишниот напаѓач, кој е брат на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Матиас Погба во Словенија пристигнува како слободен играч, откако половина сезона помина во Расинг од Мурсија. Претходно, играше за неколку нисколигаши како Врексам и Кру во Англија, Пескара во Италија, Тур во Франција, Сиудад и Лорка во Шпанија.
За Мурсија не одигра ниту еден натпревари, а најмногу настапуваше во дресот на Кру, каде одигра 63 натпревари и постигна 21 погодок.
Матиас е роден во Гвинеја, а за таа репрезентација има пет настапи.