Братскиот дуел за шампионот, блескаа двата млади голмани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 со 27-34 во натпреварот од осмото коло на македонската Суперлига. Братскиот дуел беше рамноправен 45 минути, но потоа првакот додаде „гас“ и стигна до шеста победа сезонава во домашниот шампионат. Актуелниот шампион на Македонија настапи без Никола Митревски, Домен Тајник, Жарко Пешевски и Усама Хосни, но и со комбиниран состав успеа да се избори за триумф. Зарков исто така имаше некомплетен ростер, бидејќи не настапија десниот бек Одифред Баптист и десното крило Ненад Белистојановски.

Еурофарм Пелистер 2 парираше во првото полувреме, иако фаворитот констатно имаше предност која најмногу одеше до три гола разлика (10-13). На пауза сепак се замина со нерешен резултат (18-18).

На срединат на вториот дел, Хекберт донесе плус четири (23-27), а во продолжение актуелниот првак покажа зошто е фаворит. До крајот избраниците на Гарабаја без поголема драма ја запишаа победата.

Најефикасен во тимот на Гарабаја беше Рудолф Хакбарт со седум голови, додека меѓу момците на Зарков ист учинок имаше Бојан Гичев. Одличен настап запишаа младите голмани Јован Мацанковски (10 одбрани) и Иван Младенов (11 одбрани). Во следното коло шампионот ќе го пречека Радовиш на домашен терен, а Еурофарм Пелистер 2 ќе има тешко гостување кај екипата на Алкалоид. Во меѓувреме првакот на Македонија в четврток во Лигата на шампионите гостува кај европскиот првак Магдебург.

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Радовиш, а Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Алкалоид Ракомет.