Брајтон ја одреди цената за продажба на Тросард

Некои англиски медиуми објавуваат дека фудбалскиот клуб Брајтон ја одредил цената за евентуална продажба на Леандро Тросард, после влошувањето на неговиот однос со тренерот на екипата Роберто Де Зерби.

Според написите, од Брајтон се готови да се разделат со Тросард за сума од 30 милиони евра. Неговиот актуелен договор со „галебите“ е со важност до летото 2024.

Како најголеми кандидати и заинтересирани клубови за услугите на фудбалерот од Белгија се споменуваат премиерлигашите Тотенхем и Челзи.