Браќата Бабунски добија повик за настап во Македонската репрезентација

Давид и Дориан Бабунски кои во моментот настапуват во екипата на унгарскиот прволигаш Дебрецен, добија повик од селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, за настап на претстојниот бараж дуел против Италија.

Браќата Бабунски се редовни првотимци во екипата на Дебрецен и нивната добра форма со сигурност ќе биде од корист во натпреварот против Италија, кој е закажан на 24 март во Палермо.