Браќата Кари ќе играат за иста екипа

Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат.

Сет кој во текот на кариерата бележи респектабилни 43,3 проценти во шутот за три поени, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9 “ што му овозможува да го помине тренинг кампот со Голден Стејт, а потоа ќе биде отпуштен и повторно ангажиран за еден месец.

Планот е да помине низ подготовки со Вориорс и да се избегнат понатамошни даноци, а потоа на почетокот на регуларната сезона повторно ќе биде на располагање на Голден Стејт.

Вориорс со овој потег добија дополнително решение на надворешните линии и докажан ветеран (34) кој може да направи разлика влегувајќи од клупата.

Станува збор за играч кој во текот на кариерата забележал 10 поени по натпревар во 550 настапи во НБА.