Браќата Стојановски и следната сезона во МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродором денеска го потврди обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски. Како што велат од редовите на „штрковите“, ова беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона.
За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона во нашиот клуб, откако првпат се приклучи во тимот на почетокот на 2022 година.
„Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на нашата клупска определба тимот да биде предводен од (нај)квалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ. Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, со што полека почнуваме да го пополнуваме ростерот за предизвиците што нѐ очекуваат во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и во – ФИБА Еврокупот“, потенцираат од клубот од Аеродром.