Браќата Стојаноски со сребро се вратија од боксерскиот турнир „Опен Балкан“
Браќата Наум и Христијан Стојаноски, членови на БК Алексо Огненовски од Охрид, освоија второ место и се вратија со сребро од Меѓународниот боксерски турнир „Опен Балкан“ што изминатиот викенд се одржа во Лозница, Република Србија.
Христијан боксуваше во кадетска конкуренција против Павле Поповиќ, државен првак на Србија, додека Наум во младинска конкуренција ги вкрсти ракавиците со Вељко Крстиќ, национален шампион и петкратен првак на Војводина.На турнирот од БК „Алексо Огненовски“ учествуваа уште и Михаил Аврамоски кој оствари победа откако противникот го предал мечот, додека Петар Трајчевски во кадетска конкуренција и Димитар Ѓорески во јуниорска ги загубија мечевите.
По настапот во Србија, Наум Стојаноски веќе веќе е во Будва, Црна Гора, каде ќе учествува на Светското младинско првенство што ќе се одржи од 20 октомври до 4 ноември.