Брегалница доведе поранешен македонски репрезентативец

Новиот прволигаш, Брегалница потврди дека во Штип во следните две сезони ќе игра поранешниот репрезентативец на Македонија, Даниел Мојсов.

Македонскиот интернационалец стави потпис на двегодишен договор, а доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со АЕК Ларнака на Кипар.

„За нас претставува задоволство што добиваме големо засилување за новата прволигашка сезона. Се работи за искусен интернационалец, поранешен репрезентативец со богато интернационално искуство кој треба да донесе стабилност во тимот но и силен поттик за развој на младите фудбалери во нашиот состав“ – изјави спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Тимот на Марјан Секуловски ги стартува подготовките за новата сезона во Штип, каде ќе се работи до 28. јуни кога следи преселбата во Пехчево.