Брегалница ремизираше со Шкенија Арачиново и го сочува второлигашкиот врв

На две кола пред крајот на сезоната во ВМФЛ и натаму се води неизвесна борба за влез во елитното фудбалско друштво во Македонија.

Дербито на 28. рунда се играше во Штип каде пред преполни трибини лидерот Брегалница и Шкендија Арачиново играа без победник 1-1.

Гостите поведоа со голот на Николче Шаркоски во 16. минута, а во 68-та, Костадин Капсаров го израмни резултатот откако успешно реализираше удар од 11 метри.

Скопје со погодокот на Мердиан Рамадани во 21. минута го совлада Тетекс и по оваа гостинска победа се израмни по бројот на бодови со Брегалница и двете екипи на две кола пред крајот имаат по 65 бода.

Охрид без поголеми проблеми славеше во соочувањето со Големо Коњари. Димитриј Димитриевски во 26. минута му донесе предност на домаќинот од 1-0.

Во последната минута од првиот дел Виктор Наумовски зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Стојан Попоски со голот во 73. минута.

Доминацијата на гостинските екипи во ова коло ја потврдија Кожув со триумфот од 8-0 над Победа Прилеп како и победата од 4:0 на Осогово во мечот против Вардар Неготино.

Детонит Плачковица исто така како гостин славеше со 3-0 над Преспа, а честа на домаќините ја спасуваа Каменица Саса и Новаци со победите од по 1-0 во дуелите со Слога Виница и Беласица.

Во пресрет на последните две кола Брегалница Штип и Скопје имаат по 65 бода, два повеќе од Шкендија Арачиново додека четврти е Охрид со 62.

Следното 29. коло кое е на програмата на 16 мај, Брегалница му гостува на Осогово, Големо Коњари го пречекува Скопје додека Охрид патува во Радовиш на дуел против Детонит Плачковица, а Шкендија Арачиново е домаќин на Новаци.

Почетокот на натпреварите е закажан за 16:30 часот.