Брегалница се засили со бугарски репрезентативец
Македонскиот фудбалски прволигаш, Брегалница го потврди најновото засилување во составот, Иван Минчев е третото ново име ова лето по Мојсов и Азиновиќ.
„Станува збор за 30-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред и доаѓа во Брегалница од редовите на Берое. Претходно, овој фудбалер го има носено и дресот на ЦСКА Софија, Спартак Варна, Монтана и Славија Софија, а има и неколку настапи за бугарскиот национален тим. Во Минчев нашиот клуб добива и на квалитет и на искуство во клучниот дел од теренот. “ – соопштија од Брегалница.
Од клубот од Штип потврдија и дека го продолжиле договорот со голманот Денковски.