Бремер е желбата на Јунајтед за следната сезона
Манчестер Јунајтед има намера да ја засили позицијата на централен дефанзивец во претстојното лето и за таа цел го интензивираше преговарачкиот процес со Јувентус за потписот на 27-годишниот фудбалер на торинскиот клуб Бремер, објави „Калчомеркато“.
Според изворот, раководството на „црвените ѓаволи“ сфаќа дека ќе мора да има сериозна конкуренција во борбата за потписот на бразилскиот дефанзивец, па решиле што поскоро да ги интензивираат преговорите со Јувентус. Покрај Манчестер Јунајтед, за Бремер се заинтересирани и Челзи, Ливерпул и Тотенхем.
Да потсетиме, Бремер сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата пазарната вредност е 60 милиони евра.