Бремер од Торино ќе биде замената за Зуле во Баерн

Баерн Минхен се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.

24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето. Милан, Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.