Бремер спремен за нов договор со Јуве

Раководството на Јувентус постигнало договор со Жеилсон Бремер за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
26-годишниот Бразилец кој пристигна во Торино пред година и половина се етаблираше во столб на одбраната на „старата дама“. Бремер следната недела ќе стави потпис на нов петгодишен договор и ќе добие значително зголемување на платата.
Бремер има 17 настапи и еден гол за „бјанконерите“ оваа сезона во Серија А, а веќе е миленик на навивачите.