Брендан Адамс сака да остане во Русија

26-годишниот американски бек Брендан Адамс може да ја продолжи кариерата во руската лига. Toj наводно преговара со екипата на УНИКС Казан.
Кошаркарот играше две сезони во ВТБ лигата за Самара и Парма. Минатата сезона имаше просек од 15,1 поен, 5,8 асистенции, 2,8 скока и 1,1 украдена топка, шутирајќи 49,6% од дистанца за два поени, 36,6% од дистанца за три поени и 84,6% од слободни фрлања.
Адамс играше на Ол-стар натпреварот во тамошната лига.