Брентфорд бара одлагање на натпреварите од Премиер лигата
Тренерот на Брентфорд, Томас Франк, побарал од челниците на Премиер лигата, да ги одложат сите натпревари кои се закажани за овој викенд.
Франк е со мислење дека на тој начин ќе се прекине кризата кај клубовите предизвикани од се поголемиот број на заразени со Ковид 19. Тој веќе разговарал со тренери и на други екипи од лигата и добил поддршка за неговата идеја.
Од раководните лица на најдобрата англиска лига, сеуште нема одговор на оваа тема но мали се шансите да биде прифатено барањето на тренерот Томас Франк.
Следен натпревар на Брентфорд во Премиер лигата е во сабота против екипата на Саутемптон.