Брера експресно доведе четири засилувања

Брера Струмица претстави неколку нови засилувања со кои ќе го подига квалитетот во своите редовите, а со цел сигурен опстанок во елитата, бидејќи последните три екипи директно испаѓаат во Втора лига, а пак деветиот и осмиот тим на прволигашката табела ќе играат бараж за опстанок.
Струмичани најпрво го претставија Зоран Балдовалиев за нов спортски директен, кој со неговото искуство ќе треба да допринесе за за остварување на целите на клубот.
Брера Струмица досега се засили со Никола Величковски, кој доаѓа од екипта на Септември од Софија, каде настапуваше во бугарското првенство, а во Македонија беше дел од Вардар, Работнички и Македонија ЃП.
Се работи за млад и надежен фудбалер кој го засилува нападот на Брера, а притоа тој е еден од носителите на македонската репрезентација до 21 година, а има запишано 20 настапи за младинсите репрезентации на Македонија со пет гола
Ново име во струмичкиот прволигаш е Емхран Макич, се работи за босански фудбалер кој има 24 години, а игра дефанзива и во средниот ред.
Тој доаѓа од второлигашот Градина од Сребреник, низ својата кариера има настапувано за Бихач, Раднички Лукавац, Горажде, како и младинскиот тим на Сараево и Јајце.
Србинот Лука Лукович е 24-годишен фудбалер кој ја засилува одбраната на Брера, а кој доаѓа од Балзан Малта. Има настапувано за Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик и Синџелич Белград.
Брера Струмица ја продолжува соработката со Стефан Наумчески, откако истече неговиот двегодишен договор, 25-годишниот фудбалер се реши да остане во таборот на Брера Струмица. Минатата сезона тој имаше 17 натпревари со еден гол и настапи на четири натпревари во Купот на Македонија.