Брера се раздели со Сисе и Малески
Екипата на Брера од Струмица денеска објави дека го раскина договорот со 21-годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал, кој во редовите на Брера Струмица дојде летово.
Сисе од почетокот на сезоната го носеше дресот на Брера, откако во Струмица дојде од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството имаше 14 настапи.
Истовремено, Христијан Малески кој беше на позајмица во Бреар се враќа повторно во Струга Трим Љум.