Брзечек заработи отказ, Полска без селектор пред ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Полска, Јержи Брзечек
поднесе оставка. Веста ја објави Полската фудбалска федерација.
Полска е меѓу учесниците на Европското првенство..
Претседателот на Полската фудбалска федерација Збигњев Боњек ја
презеде одговорноста за одлуката да се раздели со 49-годишниот
тренер, кој ја водеше репрезентацијата на Полска од јули 2018 година.
„Го поканив Јержи Брзечек дома, пиевме кафе и му ја соопштивме
веста. Ова е тажен ден за мене, но јас ја преземам одговорноста за
оваа одлука. Размислував за тоа и морам да направам нешто што е
добро за тимот”, изјави Боњек.