Брих заминува во пензија, Реал – Интер последен натпревар во неговата интернационална кариера
Германскиот судија Феликс Брих утре ќе ја заврши својата меѓународна судиска кариера. Тој по рекорден 70-ти пат ќе ја дели правдата во Лигата на шампионите на дуелот од 6. коло од групната фаза што ќе го одиграат Реал Мадрид и Интер.
46-годишниот Брих, сепак, нема да заврши со својата судиска работа, затоа што ќе продолжи да суди во Германија.