Брињоне победи на супервелеслаломот во Квитфјел

Италијанката Федерика Брињоне ја оствари 25 победа во Светскиот куп по денешниот триумф на супервелеслаломот во Квитфјел, Норвешка. Брињоне оствари време од 1:37.30 минути, доволно за да заврши пред Лара Гут Бехрами од Швајцарија и Естер Ледецка од Чешка.
Тоа е нејзина 10-та победа во супервелеслаломот во СК и четврта оваа сезона. Ледецка е прв пат на подиумот по речиси четири години.Вчера во супервелеслаломот во Квитфјел победи Лара Гут Бехрами.
Следните натпревари се во шведскиот Оре на 9 март и 10 март.Во генералниот пласман води Гут Бехрами со 1594 бодови, пред Брињоне со 1268 бодови и Микаела Шифрин со 1209.