Брозовиќ го продолжи договорот со Интер до 2026 година

Интер го објави новиот договор со играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Претходниот договор му истекуваше следното лето и за него интерес покажаа клубови како Ливерпул, Њукасл, Реал Мадрид и Барселона, но на крајот играчот се одлучи да остане во Интер.

Брозовиќ сега е обврзан до летото 2026 година, а неговата плата порасна на 6 милиони евра според некои новинари, а според други на 6,5 + 1 милион евра.

29-годишниот хрватски интернационалец е шеста сезона во Интер, откако клубот го купи од Динамо за 5 милиони. Во овој период на „Џузепе Меаца“ освои една титула и еден Куп на Италија.