Брозовиќ ќе го скокне тестот на Хрватска против Бугарија

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ, најверојатно ќе ја пропушти пријателската средба на Хрватска со Бугарија. Според италијанските медиуми, 29-годишниот Хрват нема да може да игра поради повреда на скочниот зглоб.
Хрватска ќе се соочи со Бугарија на 26 март во Катар. Фудбалерот сигурно ќе отсуствува и на денешниот натпревар од 30. коло на Серија А против Фиорентина.