„Бронзениот“ Стефан на прием кај министерот Ристовски
Македонскиот репрезентативец и член на карате клубот „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, кој освои бронзен медал на изминатото Светскот првенство за младинци во Венеција, Италија, денеска имаше прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски.
Стојановиќ уште еднаш покажа дека е голема перстектива на македонското карате, но и на македонскиот спорт воопшто, бидејќи за него ова беше втор медал од Светските младински првенства. Пред две годии во Коња, Турција тој се закити со сребрениот медал.
„Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно нѐ претставуваше на ова Светско првенство за млади категории“, истакна министерот Ристовски.
Стојановиќ беше единствениот македонски репрезентативец што освои медал на изминатиот карате мундијал од вкупно 12 наши натпреварувачи на турнирот. Треба да се истакне и дека нашиот млад репрезентативец моментално се наоѓа на првото место на ранг-листата на Светската карате федерација во својата категорија над 84 килограми.