Бруно Гимараеш добива нов договор во Њукасл

Њукасл постигал договор со бразилскиот репрезентативец, Бруно Гимараеш за продолжување на сораборката.

26-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието  на многу европски гиганти. Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ веќе подолго време ги следат настапите на Бразилецот, а Ливерпул ова лето испратил понуда од 100 милиони фунти.

Меѓутоа, Њукасл не помислува да ја продаде својата ѕвезда и му понуди нов договор со значително зголемување на платата.

Двете страни треба да ги договорат последните детали, а потоа Гимараеш ќе стави потпис на еден од најскапите договори во Премиер лигата.