Бруно Гимараеш летово се сели во Париз?

Париз Сен Жермен е уверен дека ќе успее да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимараеш следното лето.

Од Њукасл веќе признаа дека можеби ќе треба да продадат некои од своите ѕвезди за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј. „Мирор“ сега пренесува дека веќе биле водени разговори со агентите на Бразилецот, кој неодамна отпатува во Париз.

Гимараеш има ослободителна клаузула од 100 милиони фунти, па ПСЖ ќе мора да се ангажира многу за да го добие играчот. Сепак, самиот играч од средниот ред не брза да си замине од Њукасл, каде во неколку наврати изјави дека е среќен.