Бруно Лаж бесен на Дани Мекеле по дуелот со Барса

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаж, не е незадоволен од судењето на Дани Мекеле на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на шампионите.
„Да се постигнат четири голови и да се прикаже таков фудбал е одлично но, начинот на кој загубивме е фрустрирачки.
Во 94 минута, мислам дека беше груба грешка на судијата. Тој мора да ги толкува таквите ситуации идентично, ако досудите пенал во корист на противникот, тогаш досудете го и тука“, рече тренерот на Бенфика.