Бруно Фернандеш е примарна цел на Али Хилал летово

Саудискиот гигант Ал Хилал има нова примарна цел за летниот преоден рок – капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
Португалецот е најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ сезонава, човекот кој ја држеше играта и ги водеше до финалето во Лига Европа. Неговиот придонес и лидерски карактер го прават незаменлив на „Олд Трафорд“.
Но, Саудијците не мируваат – Ал Хилал покажал сериозен интерес, а веќе е добро познато какви финансиски услови можат да понудат клубовите од тој регион.
Засега нема конкретни преговори меѓу двете страни, а иднината на трансферот зависи и од желбата на самиот играч. Од Јунајтед се јасни – сакаат да го задржат својот лидер, исто како и новиот стратег Рубен Аморим, кој го гледа Бруно како клучна фигура во својата визија.
Фернандеш има договор до 2027 година, што значи дека евентуалниот трансфер би барал сериозна отштета од страна на Ал Хилал.